Мапирај за да се исчистат дивите депонии

Општина Кисела Вода ги повикува граѓаните да бидат активни учесници во глобалната акција за мапирање и чистење на диви депонии. Целта на акцијата е да се оформи мапа на која ќе бидат обележани локациите на дивите, нелегални депонии на отпад, и истите да се исчистат.

Заинтересираните граѓани, првата фаза, лоцирањето / мапирањето, можат да го направат до средина на август преку апликацијата на следниот линк.

 Во втората фаза, граѓаните може да се вклучат на 15 септември 2018 година, кога општината за првпат ќе се приклучи на најголемата глобална акција за расчистување на отпад / диви депонии, настан инициран од движењето Let ’s Do it! World. Станува збор за најбрзо растечко движење во светот кое од 2008 година им помага на владите, општините и компаниите да го исчистат отпадот во своите земји.