Руската полиција привела најмалку 25 ЛГБТИ активисти на протестот во Санкт Петербург, каде ги промовираа правата на сексуалните малцинства, јавува Би-Би-Си.
Околу 60 активисти се собрале на главниот плоштад, иако имало ставено забрана за настанот. Граѓаните држеле плакати и знамиња во бојата на виножитото.
Во 2013 година, Русија донесе закон со кој се забранува она што го опиша како „геј-пропаганда“.
Организаторите велат дека секој демонстратор протестирал поединечно, за да се избегне класификација на настанот како „собир“.
Немало судири меѓу руската полиција и активистите, но тие што држеле протестни материјали биле насилно влечени во полициско комбе, против своја волја.
Ко-организаторот Алексеј Назаров за агенцијата АФП изјави дека полицијата ги нападнала активистите со „најшарените знамиња и облеки“.
Демонстрантите на настанот за Ројтерс потврдија дека биле дојдени за да покажат солидарност со заедницата.
„Оваа тема е премолчена од масовните медиуми. ЛГБТИ луѓето постојат, властите треба некако да работат со нив и да бараме дијалот“, изјави еден од демонстрантите.