Бразилски документарни филмови во „Фросина“ на 6 април

Бразилски документарни филмови во „Фросина“ на 6 април

Две филмски остварувања од Бразил ќе бидат прикажани во киното „Фросина“ во сабота (6 април), како дел од „Суво око“ – микро-фестивалот на бразилски филм.

Во најавата на настанот се вели:

„Бразил не е само самба и боса нова. Оваа земја, голема колку и континент, нуди многу повеќе. Суво Око е прв од серијата настани посветени на бројни аспекти на бразилската култура. На 6 април, ќе може да се погледнате два документарни филма кои отсликуваат две различни перспективи на бразилската рок сцена“.

Програма:

18:00 LokiЖивотот на Арналдо Баптиста, основач на групата „Os Mutantes и еден од најголемите имиња на бразилскиот рок.

20:00 Botinada – Потеклото и историјата на бразилското панк движење, раскажани од страна на најзначајните актери и градители на ова движење.

По филмската програма, следува настап на музичкиот соработник на Канал 103, бразилскиот диџеј Rodrigo Miravalles (unusual Brazilian tunes).

Билетите се продаваат исклучиво на билетарата на киното „Фросина“, по цена од 100 денари.