Вчера во Сиднеј се собраа 457 гитаристи во склоп на музички фестивал. Целта е да се сруши светскиот рекорд на луѓе кои свират иста песна во исто време на електрична гитара.
Гитаристите симултано го свиреа класикот „Highway to Hell“ од 79-та година на групата „AC/DC“.
Претходниот светски рекорд е од 2013 година, кога 368 гитаристи во Индија ја изведуваа „Knocking On Heaven’s Door“ од „Guns N’ Roses“.
Вчерашниот обид треба да биде потврден од Гинис во наредните шест недели.