Фотографијата на Сем Едмондс од Сиднеј од генту пингвинот во снег е победник на овогодишниот Хобарт фестивал за најдобри фотографии од Антарктикот. Годишната изложба во моментов се прикажува во Музејот и уметничката галерија на Тасманија.
Победникот добил парична награда од 5.000 долари, а жири комисијата ја оценила фотографијата како „префинета уметност“ и „чист приказ на Антарктикот“.
Втората награда му припаднала на кинескиот фотограф Ханг Ли за фотографијата „Осамен мразокршач“, во која е прикажан бродот Академик Федеров низ живописни бои на залезот на Сонцето на Антарктикот.
Жири комисијата направила селекција на 22 фотографии кои влегле во финалниот избор, а покрај победничките во продолжение ги пренесуваме и дел од највпечатливите фотографии пријавени на натпреварот.