Американскиот алигатор Муја, кој пристигнал во Зоолошката градина во Белград пред почетокот на Втората светска војна, се смета за најстариот алигатор во светот, кој живее во „заробеништво“.
Тој е во добра состојба и здрав, се храни добро и се надеваме дека така ќе остане уште многу години, вели директорот на Зоолошката градина, Србољуб Алексиќ.
Генерации на посетители на Зоолошката градина и понатаму доаѓаат да го гледаат алигаторот, иако тој веќе не се движи многу, освен за време на хранењето кога јаде глодари или птици.
Досега Муја имал само еден посериозен здравствен проблем кога поради гангрена во 2012 година му бил ампутиран дел од предната десна нога.
Муја во Белград пристигнал од Германија во август 1937 година и тогаш имал само две години, а за време на Втората светска војна ги преживеал бомбардирањата во 1941 и во 1945 година.