Граѓанската асоцијација МОСТ преку инфографик објавен на нивната фејсбук страница информираат за начинот на кој граѓаните можат да ги проверат и променат податоците во избирачкиот список за претстојниот референдум.
Увидот во Избирачкиот список за претстојниот референдум трае до 23 август, а граѓаните можат своите податоци да ги проверат во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија, како и на интернет-страницата http://izbirackispisok.gov.mk.
Од МОСТ информираат дека како и на сите изборни процеси, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните ќе можат да пријавуваат евентуални нерегуларности поврзани со референдумот.
Граѓанската асоцијација МОСТ во досегашното свое постоење, покрај сите национални и локални избори во Македонија почнувајќи од 2002 година, го има набљудувано и референдумот на државно ниво во 2004 година, како и трите референдуми на локално ниво – во општина Чешиново-Облешево во 2004 година, во општина Радовиш во 2007 година и во општина Центар во 2015 година.