Новиот македонски блуз состав „The Mole Pack“, во недела (19 август) најавуваат слушачка промоција на нивниот прв албум „Gambling Man“ во скопскиот кафе-бар „Че“.
„Ќе се откорнеме цела вечер од слушање на нивните оригинални авторски дела, ќе се подружиме со членовите, ќе гледаме видевца и ќе си одиме дома со копија од албумот . Диме, Алек, Тео, Гишо се спремни да одговараат на вашите прашања и да ви ја раскажат нивната приказна, така да слободно да им пристапувате и “досаѓате”“, стои во поканата за настанот.
Промоцијата започнува во 20 часот.