Како вистинска верзија на цртаните филмови, посетител на португалски музеј минатата недела се повредил откако згазнал во уметничка инсталација која потсетува на цртеж на подот.
Се работи за делото „Пад во чистилиште“ од британскиот скулптор Аниш Капур, изложена во Музејот Сералвес во Порто, кое всушност е дупка длабока 2,5 метри која е обоена во црно така што изгледа дека воопшто нема длабочина.
Според британски Тајмс, посетителите на претходните изложувања на делото често се сомневале дали навистина има дупка во подот или просто се работи за круг обоен со многу црна боја.
Иако инсталацијата според медиумите била окружена со знаци на предупредување и вработените во музејот ги предупредувале посетителите да не приоѓаат блиску, околу неа немало бариера. Непознато е како посетителот, кој бил Италијанец во 60-тите години, паднал во дупката но бил кратко хоспитализиран. Музејот ја затворил изложбата за да направи проверки што се случило, но планира повторно да ја отвори набрзо.
Покрај тоа што е познат по големи инсталации, Капур стана познат во 2016 година кога ги обезбеди ексклузивните уметнички права на материјалот Вантаблек (Vantablack), кој може да заробува протони во лабораториски произведени јаглеродни наноцевки кои потоа се апсорбираат. Објектите прекриени со Вантаблек рефлектираат само 0,035 проценти од видливата светлина што го прави невозможно забележувањето на секаква контура – или во случајов длабочината на дупката доколку не знаете во што гледате.
Уметничката инсталација „Пад во чистилиштето“ дебитирала неколку години пред презентирањето на јавноста на Вантаблек и е направена со темна боја која продуцира сличен недостаток на длабочина.