Живописната фотографија наречена „Црн петок“, од додворувањето на американските фламинга на фотографот Педро Жарк Кербс од Перу, е победник на овогодишното натпреварување за најдобар фотограф на птици 2018.
Ова е четврта година како се одржува натпреварот, кој го организираат Британскиот труст за орнитологија и Нејчр Фотограферс, кој има за цел да се промовира конзервација на птиците и уметничка фотографија на нивната разновидност.
Победникот е прогласен од жири комисија и покрај титулата „најдобар фотограф на птици“ добива и парична награда од 5.000 фунти.
Во продолжение ви ги пренесуваме победничките фотографии во секоја од категориите, а на следниот ЛИНК можете да ги најдете и останатите фотографии кои завршија на второ и трето место: