Во кафе бар „ЛИ“, во четврток (23 август) ќе бидат изложени дела на Ленче Данаиловска, како дел од нејзината втора самостојна изложба „Облици и изблици“.
На изложбата ќе бидат поставени дела работени во комбинирана техника.
„Слики наместо зборови“ е прво јавно претставување на Ленче. Насловот на изложбата го претставува визуелниот израз, сликата, како колоритна поезија, зборови во боја.
Ленче Данаиловска е родена во Скопје, 1975 година. По професија е електротехнички инженер. Живее и работи во Скопје. Со сликање, цртање и вајање се занимава уште од детството, од чиста љубов.
Отворањето на изложбата е најавено во 20:00 часот.