Win Music Freedom го носи популарното дуо „Tale Of Us“.
Журката ќе се одржи на 15 септември на Средно Водно.
Локална поддршка ќе дадат македонските диџеи Ана Мало, Никифор и Балоски.
Организаторите информираат дека има 300 лимитирани карти од 800 денари. На претпродажба ќе чинат 1000 денари, а на влез 1200 денари.
„Tale Of Us“ е уникатно електронско дуо од Берлин, составено од Кармин Конте и Матео Милери.
По успехот што го добија со компилацијата „Afterlife“, лани дуото го објави нивниот албум насловен „Enter Endless“, кој нуди амбиентално-класичен звук.