Кубанците поставија нов национален рекорд за најголем Куба Либре коктел во историјата на земјата.
Чашата, висока два метри, била специјално изработена за настанот и била наполнета со 20 пакети Хавана клуб рум, 200 литри кола, мраз и лимон.
Ова е најголемиот Куба Либре коктел направен во Куба. Се работеше за забава, со одличен коктел, сега треба да го испиеме“, изјавил претседателот на организацискиот комитет, Хозе Луис Брито по поставувањето на рекордот.
На настанот во главниот град на Куба, Хавана, учествувале десетици шанкери и со тоа започна Пан-Американскиот шампионат во коктели.
На турнирот, кој ќе се одржува една недела, учествуваат 200 професионалци во правење коктели.