Објавена програмата за „Скопје џез фестивал 2018“

Дејвид Муреј квартет и Саул Вилијамс, Хeриет Тaбмeн, Вадата Лео Смит, Мет Расмунсен, Сузана Сантос Силва и Тони Китановски се меѓу артистите кои ќе настапуваат на овогодишниот „Скопски џез фестивал“.

Фестивалот денеска ја објави целосната официјална програма, која ќе биде распоредена од 18 до 21 октомври во МОБ и денсинг салата на МКЦ.

„Придружната програма на фестивалот и информациите за билетите ќе бидат објавени наскоро“, соопштија од „Скопје џез фестивал“.

Целата програма:

18 октомври
MOB, 20:00
ALEXANDER HAWKINS (United Kingdom)
DAVID MURRAY QUARTET feat. SAUL WILLIAMS (USA)
MKC Dancing Hall, 24:00
ARTO LINDSAY / PAAL NILSSEN-LOVE (USA/Norway)

19 октомври
MOB, 20:00
WADADA LEO SMITH (USA)
HARRIET TUBMAN (USA)
MKC Dancing Hall, 24:00
THURSTON MOORE (USA)

20 октомври
MOB, 20:00
METTE RASMUSSEN (Denmark)
TRONDHEIM VOICES (Norway)
SUSANA SANTOS SILVA / AB BAARS / HAMID DRAKE (Portugal/Netherlands/USA)
MKC Dancing Hall, 24:00
MOPO (Finland)

21 октомври 
MOB, 20:00
Toni Kitanovski: 30 years in music
PANDA 5 (Macedonia)
TONI & FRIENDS