Претставата „Тоби“ на Театарот за деца и младинци освои пет награди на 7-от Меѓународен фестивал за кукларство во Подгорица.
„Тоби“ освоил Гран-при за најдобра претстава, награда за најдобра претстава од детското жири на фестивалот, награда за најдобра режија за Драгослав Тодоровиќ, награда за актерско мајсторство за Марија Ѓорѓијовска и награда за најдобро техничко-естетско решение на кукли за Ирина Сомборац.
„Тоби“ следното гостување ќе го има на Фестивалот во Суботица, а од Театрот најавуваат дека на 20 септември претставата се враќа во салонот на ТДМ.