Синоќа во Археолошкиот музеј на Македонија се одржа отворање на патувачката изложба насловена “Перуанска Амазонија”.
Изложбата за посетителите во Археолошки музеј ќе биде отворена до 3-ти октомври, а потоа изложбата биде поставена и во уметничката галерија на НУ Музеј Куманово од 9-ти до 19-ти октомври.
„Изложените фотографии ја претставуваат културата на традиционалните амазонски народи, култура која е поинаква од онаа на западната цивилизација. Фотографиите сведочат за животот покрај реката Амазон кој е практично непроменет со векови поради хармоничниот однос на овие заедници со животната средина“, посочуваат од Археолошки музеј
Изложбата се реализираше во соработка со Почесниот Конзулат на Перу во Македонија и на неа беа изложени 60-тина фотографии од 18 автори. Почесни гости на изложбата беа заменик амбасадорот на Перу во Романија, Карлос Бариос и Почесниот Конзул на Перу во нашата земја, Ненад Јаничевич, врз чија идеја се заснова изложувањето на оваа импресивна збирка пред македонската публика.
Изложбата во музејот ја подготвија вработените Елена Рафајловска и Марјан Јагликовски.