Уметницата Дороти Пачкова вечерва во Охрид ќе отвори седма самостојна изложба насловена „Уште што друго сум освен што сум канцер во општеството?“, пишува МИА.
Авторката била поттикната од стигматизирањето и дискриминацијата на жените, особено на самохрани мајки, а целта и е со овој проект да влијае на културните ставови и да ги трансформира стереотипите. Изложбата содржи 20 концептуални фотографии на жена во различни ситуации од нејзиното секојдневие.
Целта е да и претстави на пошироката публика какви се способности може да имаат жените, и посебно – да еманципира дека самохраните мајки не се канцер на општествата.
Со проектот авторката, како што вели, сака да поттикне и феминистичко-уметничка, конструктивно-критична маса која ги истражува дискриминацијата, сексуалната објективизација, угнетувањето, патријархалноста, стереотипизирањето и слични родови проблеми.
Изложбата е патувачка и покрај во Охрид, ќе биде поставена и во Струга, Тетово, Штип, Битола и Скопје.