Инди-рок составот „My Tear“ го објави видео-спотот за песната „Оставиме да бидам“, во која се користени материјали од првиот колор филм за Скопје – „Градот на Вардар“ на режисерот Бранко Ивановски Гапо („Вардар филм“, 1962) и „Скопје 63“ на Вељко Булајиќ („Јадран филм“, 1964).
Камерата, монтажата и режијата на спотот е на Горјан Атанасов, а извршен продуцент е Васко Атанасовски, во издание на „Балкан Велики“.
Инаку, „My Tear“ се музичарите Дени Крстев, Кристијан Лафазановски, Мартин Митевски и Васко Атанасовски.