Во Факултетот за физичка култура утринава од запалена канта за отпадоци избувнал пожар, пренесува МИА.
Пожарот зафатил и дел од плакар, но по брзата интервенција на противпожарната единица тој е целосно изгаснат.
„Со навремената интервенција на единиците на противпожарната бригада не е дозволено пожарот да зафати дел од таванот на бараката и тој да се прошири. Се интервенираше со две противпожарни возила и шест пожарникари“, изјави за МИА, Благоја Менковски, командант на бригада на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.