Платформата за истражувачко новинарство и анализи ПИНА бара волонтери за второто издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје (Investigative Film Festival Skopje) што ќе се одржи од 25 до 27 октомври во кино „Култура“.
„Во насока на врвна организација и зајакнување на капацитетите отвораме можност за сите заинтересирани млади луѓе од Македонија да се вклучат како волонтери во работата на фестивалот. Волонтерите ќе имаат драгоцена можност да се стекнат со организациски вештини, да се запознаат со процесот на организација на ваков настан, како и да ги надградат своите знаења преку присуство на работилници, дискусии и настани со врвни професионалци – истражувачки новинари и режисери“, стои во повикот.
Основните обврски на секој волонтер ќе бидат:
• Логистика за настаните за времетраењето на фестивалот
• Контактирање и известување на соработници на организацијата
• Спроведување на гостите до местото на одржување на настаните и нивно асистирање
• Распределба и грижа за промотивни материјали (постери, флаери, програма, каталози)
• Можност за учество на работилниците во рамките на фестивалот
Покрај наведените обврски волонтерот ќе има и други задачи во зависност од текот на настаните.
Заинтересираните кандидати треба да волонтираат 3 до 4 дена (од 24 до 28 октомври) со работно време од 4 до 6 часа во денот. Во периодот на волонтирање, ПИНА во соработка со партнерската Фондација „Фридрих Еберт“ ќе ги покрива трошоците за превоз (за волонтерите надвор од Скопје) и храна, а обезбеден е хонорар од 2.000 денари за секој волонтер за целокупниот ангажман.
Сите заинтересирани, најдоцна до 12 октомври може да се пријават на info@pina.mk, со оставање на име и презиме, телефонски број, возраст.