Над 40 станици за полнење на електрични возила ќе бидат поставени на централни јавни локации низ државата.
Станиците за полнење на електромобили ги поставува ЕВН Македонија која денеска ќе го промовира проектот „Електромобилност со ЕВН“.
Се очекува сопствениците на електрични возила од земјава и од странство да можат да патуваат во било кој правец во и надвор од границите на Македонија.