Секоја викенд Небојша Додевски, познат како Грицко, заедно со своите пријатели собираат зеленчук и овошје од скопските пазарџии, кои потоа ги приготвуваат во вкусен оброк и го делат бесплатно на граѓаните.
Нивната иницијатива „Храна, а не оружје“, која постои повеќе од 10 години потсетува дека храната е право на секој, а не привилегија.
Нивен најголем проблем е немањето сопствен простор, па така, изминативе години биле принудени да готват по гаражи, подруми и разни колективи.
Повеќе за „Храна, а не оружје“ во видеото кое го подготви Емилија Петреска.