Младински образовен форум го затвора повикот за 14 анкетари, затоа што бројот на пријавени кандидати за овој повик е надминат.
Ви Благодариме на заинтересираноста за учество и ве охрабруваме вашето CV и контакт информации да ги испратите на
маил policy@mof.org.mk за да ги имаме во нашата база на податоци со цел да ве информираме за идни активности од ваков карактер.
————————————————————————————————————————————————
Младински образовен форум за потребите на истражувањето за утврдување на перцепција на студенти на Универзитетот Св. Кирил и Методиј за дискриминација распишува конкурс за 14 анкетари од Скопје, кои ќе бидат директно вклучени во теренското спроведување на истражувањето.
Истражувањето ќе се спроведува на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на следите факултети: Архитектонски факултет, Градежен факултет, Правен факултет „Јустинијан Први“, Економски факултет, Филолошки факултет, Филозофски факултет , Факултет за информатички науки и компјутерско инжeнерство, Факултет за електротехника и инфомациски технологии, Педагошки факултет, Медицински факултет, Стоматолошки факултет, Факултетот за фармација, Природно математички факултет, Земјоделски факултет, Машински факултет.
Анкетарите ќе бидат ангажирани во периодот од 1 април до 14 април. Временската рамка е подолга заради различните испитни сесии на различни факултети.
Анкетарите ќе работат во тимови составени од двајца. Секој анкетар ќе треба да ги внесе податоците од прашалниците во посебен компјутерски програм. За избраните анкетари е предвиден финансиски надомест.
Пријавувањето за оваа позиција, се прави со праќање на свое CV и контакт информации на е-маил на policy@mof.org.mk
Крајниот рок за пријавување е 31 март 2013 (недела).