Во Градскиот парк во Скопје од вчера има нова цветна фигура – розова панделка.
Сезонското цвеќе хризантема во форма на розовата панделка е поставено по повод месецот на борбата против ракот на дојката.
Цветната фигура ја засадија претставнички на Здружението „Борка“ заедно со претседателката на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева , директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје Ардијан Муча, граѓанската активистка Анита Љатифи, како и претставнички на претпријатието и учениците од медицинските паралелки од СУГС „Цветан Димов“.