[Видео] „Што би направил Исус?“ – кампања за донација на органи ја подели јавноста во Австралија

Австралиската организација за донирање на органи „Dying To Live“, објави спот за подигнување на свеста за важноста од донирањето на органи. Но, тоа предизвика бурни реакции во земјата и ја подели јавноста во ставовите.

Во видеото е прикажан распнатиот Исус, а двајца римски војници го прашуваат дали би ги донирал неговите органи, по што бараат тој да се регистрира како донатор на органите онлајн.

Прашањето кое го испраќа кампањата гласи: „Што би направил Исус?“.

По критиките од јавноста, австралиското регулаторно тело ја разгледува опцијата за забрана на кампањата на ТВ каналите, по реакциите.