Неформалната група на студенти од Архитектонски факултет и млади архитекти, „Прва архи бригада“ оваа сабота (март) ќе ја одбележи четвртата годишнина од „Првото архитектонско востание“.
Организаторите најавуваат прошетка низ архитектонските обележја на модерно Скопје, насловена „Позади фасадите: Скопје кое не исчезнува“. Ќе се фотографира и документира, а присутните ќе можат да учествуваат и во дискусија за модерните згради и јавните простори во центарот на Скопје.
Ќе се обиколат следниве објекти: Влада на Република Македонија,Градски ѕид, централната пошта и телекомуникацискиот центар; Метропол и City Gallery (НА-МА), Градскиот трговски центар, ЕВН и Македонската опера и балет.
На денешен ден (28 март) 2009, протестот на студентите на скопскиот плоштад против преуредувањето на центарот и изградбата на црква на плоштадот беше насилно прекинат од група контра-протестанти кои ја поддржуваа изградбата на црквата. Студентите беа физички нападнати, а настанот беше нотиран во извештајот а почитувањето на човековите права во Македонија на Amnesty International.
Студентите бараа стручни трибини пред секое ново клучно превземање на гpадежни работи во центарот на Скопје, транспарентни конкурси, огласи и урбанистички анкети, политичарите да ги насочат парите во зачувување на автентичноста и оригиналноста на старите градби кои веќе постојат и се распаѓаат од негрижа.