Сведоци сме на голема употреба на навредливи, груби и непримерни зборови од страна на јавните личности во медиумите , реагираат младите оратори. Електронските и печатените медиуми се преполни со навреди , но она што остава негативен впечаток се јавните говори на политичарите пред се во време на кампања. Ораторите забележуваат: мал дел од познатите личности знаат како да се обратат на јавноста.
„Еден добар говорник никогаш не треба да изуствува навредливи зборови, привлечноста е во убаво кажаниот збор на едноставен начин, но она што најмногу ми пречи е непризнавањето на самата грешка’’ надополнува Наташа Ристеска која веќе седум години ги изучува ораторските вештини.
Izjava Natasa Risteska by Radio Mof on Mixcloud
Расте бројот на млади луѓе кои се заинтересирани за изучување на ораторските вештини. Само во Ораторскиот клуб на Правниот Факултет членуваат околу 400 млади оратори. Усовршувањето на оваа вешти е важна да се започе уште од средношколските денови- посочува Никола Здравковиќ.
„Мал број на јавни личности кај нас убаво говорат. За одреден гарнитура политичари е веќе доцна бидејќи веќе се изградени онака како што се , но за идните млади полтичари потребно е да се организираат обуки со што ќе ги подобрат реторските вештини“, посочува младиот оратор Никола Здравковиќ.
Izjava Nikola Zdravkovik by Radio Mof on Mixcloud
„Поетот се раѓа, ораторот се создава – е мототo на сите млади оратори. Тие им советуваат на јавните личности да започнат со поинтензивно изучување на реториката, за да не прават почетнички грешки во своите јавни настапи.
Симона Ристевска