Во наредните денови ќе бидат изведени претставите: „Дисфункција“ на Младински интимен театар од Битола; „Убавите жени“ – поезија и театар на актерот Страшо Милошевски; „Женска утопија“ – според драмите на Јордан Плевнеш; „Петтиот чин“ на НУЦК „Антон Панов“ од Струмица и „Чекачот“ на Театар за гледање и слушање од Штип. Во рамки на фестивалот на 14. ноември напладне ќе биде организиран симпозиум „Патувачки театар“.
Идејата е театарот да се врати на архаичниот модел – патувачкиот театар.
Организаторите очекуваат фестивалот да прерасне во традиција. Фестивалот има и свој манифест во кој е подвлечена, како што наведуваат, природната врска меѓу театарот и куферот: „Затоа што куферот антиципира патување, а театарот никогаш не отишол подалеку од двоколката на Теспис“.
Годинава сите учесници ќе добијат статуетка Арлекин, а во план е од идната година фестивалот да биде натпреварувачки и со награди.