Од 16 до 18 ноември во Битола ќе се одржи јубилејното 10-то издание на интернационалниот фестивал „Музика од светот“ чиј организатор е Центарот за култура – Битола.
Фестивалот ќе почне со македонската група „Синтезис“, публиката ќе може да види и еден џез квартет од македонски музичари, а главна атракција ќе биде групата „Фламенко Екос“ од Куба.
Селектор на програмата е Оливер Јосифовски. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и од Општина Битола.
Целата програма ТУКА.