Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Ми се чини, во еден момент сите ќе дојдеме до општ заклучок дека квалитетното новинарство е јавна услуга, која ќе мораме да ја платиме како граѓани, ако мислиме дека ни треба. А, очигледно ни треба по примери како Брегзит, Трамп, изборни манипулации, појава на разни пропагандисти од целиот спектар… Значи, ќе мора да го прогласиме професионалното новинарство, дефинирано од стар ков новинари, дека е јавен сервис. Значи, да се финансира од јавни пари, вели Дејан Георгиевски, претседателот на Центарот за развој на медиуми во разговор за Радио МОФ.
Поводот за интервјуто со Георгиевски е дигитализацијата и целиот наплив на информации, дезинформации и (не)етички струења. Зборувавме за онлајн медиумите, нивното влијание, проблемите што ги повлекуваат, но и саморегулацијата што периодов е прилично актуелна во земјава. Нејзина цел е да се стави некаков етички медиумски ред, одвнатре меѓу фелата, без да се чепка во слобода на изразување.
За Георгиевски нема дилема – ситуацијата со дигитализацијата нема да се врати назад. Нема враќање „по старо“. Нема да гледаме ситуации кога една општествена „елита“, односно едни исти медиуми посредуваат пораки за политика, економија, бизнис, црква, војска… кон пошироката јавност, сфатена во монолитна форма.
„Нема веќе монолитна јавност, таа е фрагментирана. Дојде до т.н. дезинтермедијација, во која традиционалните мејнстрим медиуми – радио, ТВ и печат, ја изгубија мопополската позиција. Се појавија многу повеќе дигитални играчи. И сега, ми се чини, сите ние во светот го плаќаме данокот на една така добронамерна, прекрасна идеја дека технологијата самата по себе носи до прогрес, дека интернет ќе не’ демократизира. Интернетот не’ демократизираше, меѓутоа видовме и сфативме дека демократијата знае да биде и валкана работа. И дека во сите услови – дигитални или аналогни, секогаш е прилично далеку од некакви платонски идеали, или идеалите на Француската револуција и сл“, нагласува Георгиевски.
Што правиме во вака поставена дигитална ситуација, каде „лежи“ решението?
Генерално, прашањето е во парите. Значи, прашањето е во сите тие нови медиуми што се појавија и ја информираат јавноста без посредство на медиумите, вклучително и политичарите. Погледнете ги веб-страните на секоја политичка партија, во суштина се некакви информативни-медиуми. Затоа што известуваат за своите активности. Известуваат, даваат коментари, даваат се’ живо, ги имаат сите жанрови што, меѓу друго, новинарската професија ги има прифатено. Таа дистинкција тешко ќе може да се направи и во денешно време е најголемиот проблем.
Како да го одржиме оној тип на професионално новинарство дефинирано од порано, со
со кое се занимаваа пред се’ печатените медиуми, а и во најголемиот дел светските јавни радиодифузни сервиси? Значи, викаме, тој и тој може да се занимава со новинарство, стандарди, го прави тоа во свое време и на свој трошок, про-боно. Меѓутоа, од таков став не се живее. Таквите новинари просто нема пари од каде да земаат плата. А, човек мора нешто да јаде за да преживее.Во крајна линија, мислам дека во еден момент, новинарската професија треба да се откаже од фиксацијата „како да ги вратиме огласувачките буџети од новите играчи“, посебно од новите технолошки компании, кои контролираат огромен дел од буџетот.
Затоа, за да го зачуваме тој тип на квалитетно новинарство, неутрално, непристрасно, либерално, иако јас би сакал да е демократско-социјалистичко, дека тоа е јавен сервис, финансиран од јавни плати. За жал, ова значи дека нема да можеме да имаме толку луѓе кои професионално ќе се нарекуваат медиуми, бидејќи нема толку јавни пари на сите да им дадеме плата.
Еснафските новинарски организации потенцираат дека сите етички правила што важат онлајн, важат и за офлајн просторот. И за социјални мрежи, блогови, портали, ТВ и весници. Меѓутоа, колку граѓаните се свесни за правата, но и одговорностите во јавниот простор? Дека со секој еден објавен збор, таму некаде, прават домино ефект – влијаат на некој настан или личност?
Мислам дека разбираат дека се одговорни и, што е најстрашно, свесни се за последиците што можат да ги предизвикаат. Меѓутоа, не известуваат, не пренесуваат пораки сите што се добронамерни. Можеби мислат дека се добронамерни, но ние не се согласуваме.
Голем дел од овие, моментални, меѓусебни обвинувања за тоа што се лажни вести, што е информација, лево-десно, е идеолошки обоен. Луѓето што се занимаваат со односи со јавност си имаат кодекс на однесување, свои правила на однесување, кои не се идентични со правилата на однесување на новинарите. Е сега, во овој момент, не мора да им се обратат на новинарите, за да се борат за влијание врз публиката.
Некакви рудиментарни форми на саморегулација има и на интернет. Дури и на социјалните мрежи, ако некој зборува што е неприфатливо, па ќе му се соберат и ќе го направат „парче“. Тролови и слично. Од тоа нема спас. Не мислам дека од тоа ќе се ослободиме. Значи, и на социјалните мрежи постои таа саморегулација, кога некаква заедница, било некој однадвор или одвнатре, ќе каже – е тоа не можеш да го кажеш. Тоа ќе оди во саморегулација. Колку ќе треба да се грижиме како општество да ги имаме тие стандарди, зависи колку ние како општество мислиме дека ни требаат.
Ако ние како општество мислиме дека нешто е расипано, дека нешто фудаментално не чини во медиумски сектор, самите треба да го решиме. Ако граѓаните се обратат кај десет парламентари и речат – што е ова со медиумите, што е ова со медиумите, пратениците ќе речат – дај да видиме што е ова со медиумите! Засега, обидите за саморегулација слабо се носат со таа задача поради јасни причини – општеството ни е разделено по неколку линии – политички, идеолошки, етнички…
Што правиме со професионализацијата, која, до некој степен, е поврзана со ерозијата на довербата кон медиумите? Односно, млади луѓе мислат секој може да биде новинар и дома од пижами да објавува текстови…
Ќе ја цитирам Лидија Полгрин од „Хафингтон Пост“. Таа вика дека улогата на „Хафингтон пост“, претпоставката дека и за другите дигитални играчи, е да информира публика која, прво, никогаш не би платила за вести. Вести сфатени во смисла на она што англичаните го викаат „hard news“ – економија, надворешна политика, војни итн. Тоа прво, и како второ вика – вестите многу многу па и не ја интересираат.
Е, сега, ако денешните млади се задоволни од тоа што ќе добиваат – тоа е нивни проблем. Тие ќе одлучат како ќе изгледаат медиумите и нивна ќе биде одлуката што ќе сметаат за медиум и што ќе бараат од медиумите.
Ние најверојатно сите овие муабети ги правиме зашто сме виделе од „тоа претходното време“. Сега знаеме, имаме очекувања и не сме подготвени да ги менуваме нашите согласно она ново што се случило во секторот. Да се вратиме 2004 година и да го сопреме развојот на WEB2.0 со што почна се’ ова, и интерактивност, и блогови, и социјални мрежи, тоа нема да се случи, не знам како да ти кажам… Научно не е можно. Освен во научната фантастика, ама и таа е фантастика.
Често во јавниот онлајн простор се среќава голема доза на навреди, омраза, дискриминација на различна основа… Но, голем дел од јавноста како да не верува дека
државните механизми го препознаваат тоа? Како ние, јавноста и медиумите, да помогнеме да го препознаат? Или можеби не е тоа само судски, туку и културолошки проблем?Концептот на политичка коректност, не секогаш се изедначува со тоа. Законските ограничувања на одреденo однесување и она што е неприфатливо во вид на закана, неприфатливо во смисла на општеството, не се поклопуваат. Мислам дека во Македонија многу лесно, без размислување, посегнуваме по обвинување дека некој употребил говор на омраза. Често се користи да се нотира дека со нечии идеи не се согласуваме генерално. Говор на омраза е тешко кривично дело и би требало да се размисли.
Се работи за прашања на слобода на изразување и слобода на информирање во крајна линија, па сите меѓународни препораки упатуваат на внимателност. Бараме одговорност, ама внимателно.
Од друга страна, од денешна гледна точка, стандардното новинарство се нарекува и „старомодно“. Се’ да било проверено, се’ да било умерено. Но, тоа денес не го сакаат! Не! Ако сакаат апла да кажат, ако мислат дека некој е скот – тој е скот! Не сакаат да кажат „тој се однесува понекогаш по малку скотски“. Денешната публика не е таква.
На дискусии постојано паѓа збор за кредибилитетот. „Ама кредибилитетот не го даваме“.
Новинарите од стар ков ќе мора да го одржат тој квалитет, да се трудат. Кредибилитетот така се гради. Со одржување на стандарди кои лично ги прифатилe. Проблемот е како таквите новинари да преживеат.Бојан Шашевски
*******
Дел од разговорот со Дејан Георгиевски е вклучен во вториот подкаст „Седма сила“, посветен на онлајн медиумите -
(Intervistë) Dejan Georgievski: Gazetaria cilësore është shërbim publik për të cilin do të duhet të paguajmë
12/11/2018-#FUQIAESHTATË, LAJME, QYTETARË
Më duket se në një moment, të gjithë do të vijmë deri te një konkluzë e përgjithshme se gazetaria cilësore është shërbim publik, të cilin do të duhet ta paguajmë si qytetarë, nëse mendojmë se na duhet. Ndërkaq, është evidente se na duhet sipas shembullit të Bregzit, Tramp, manipulimet zgjedhore, paraqitja e propaganduesve nga i gjithë spektri… Domethënë, do të duhet të shpallim gazetarinë profesionale, të përkufizuar nga plejada gazetarëve të vjetër, se është servis publik. Domethënë, të financohet me para publike, thotë Dejan Georgievski, kryetari i Qendrës për Zhvillimin e Mediave në bisedë për Radio MOF.
Shkaku për intervistën me Georgievskin është digjitalizimi dhe e gjithë prurja e informatave, dezinformatave dhe rrymimeve (jo) etike. Flasim për onlajn media, ndikimi i tyre, problemet që i tërheqin, por edhe vetë rregullimi që këtë periudhë është mjaft aktual në vendin tonë. Qëllimi është të vendoset një rend etik në media, nga brenda në mesin e profesionistëve, pa e prekur lirinë e shprehjes.
Për Georigievski nuk ka dilemë – situata me digjitalizimin nuk do të kthehet mbrapa. Nuk ka kthim “sipas të vjetrës”. Nuk do të shohim situata kur një “elitë” shoqërore, respektivisht media të njëjta ndërmjetësojnë mesazhe për politikë, ekonomi, biznes, kishë, luftë… drejt publikut më të gjerë, e kuptuar në formë monolite.
“Nuk ka më publik monolite, ajo është e fragmentuar. Erdhi deri te e a.q. dezintermediacion, gjatë së cilës mejnstrim mediat tradicionale – radio, TV dhe shtypi, e humbën pozitën monopolite. U paraqitën shumë më tepër lojtarë digjitalë. Dhe tani, më duket, të gjithë ne në botë e paguajmë tatimin e një ideje qëllimmirë, të shkëlqyer se teknologjia vetvetiu rezulton me progres, se interneti do të na demokratizojë. Interneti na demokratizoi, mirëpo pamë dhe kuptuam se demokracia di të jetë edhe punë e ndyrë. Dhe tani në të gjitha kushtet – digjitale ose analoge, çdo herë mesatarisht larg nga disa ideale platonike, ose ideale të revolucionit Francez dhe ngjashëm” thekson Georgievski.
Çfarë bëjmë në situatë të këtillë digjitale, ku “qëndron” zgjidhja?
Në përgjithësi, çështja është te paratë. Domethënë, çështja është te të gjitha mediat e reja që u paraqitën dhe e informojnë publikun pa ndërmjetësimin e mediave, përfshirë edhe politikanët. Shihni ueb faqet e secilës parti politike, në esencë nuk ka media – informative. Sepse raportojnë për aktivitetet e tyre. Raportojnë, japin komente, japin gjithçka të gjallë, i kanë të gjitha zhanret, që ndër të tjerash, profesioni gazetaresk i ka pranuar. Ai distinkcion vështirë do të mund të bëhet dhe në kohën e sotme paraqet problemin më të madh.
Si të rruajmë atë lloj të gazetarisë profesionale të përkufizuar nga më parë me
të cilën merreshim para së gjithash mediat e shtypura, por edhe në pjesën më të madhe të serviseve radiodifuzive publike botërore? Domethënë, themi, ai dhe ai mund të merret me gazetari, standarde, e bën atë në kohën e duhur dhe me shpenzim të vet, pro – bono. Mirëpo, nga qëndrimi i këtillë nuk jetohet. Gazetarët e tillë thjesht nuk kanë para prej nga të marrin rrogë. Ndërkaq, njeriu duhet të hajë diçka që të jetojë.
Në fund të fundit, mendoj se në një çast, profesioni gazetaresk duhet të heqë dorë nga fikcioni “si t’i kthejmë buxhetet reklamuese nga lojtarët e rinj”, në veçanti nga kompanitë e reja teknologjike, të cilat kontrollojnë pjesë të madhe të buxhetit.
Prandaj, për të ruajtur këtë tip të gazetarisë cilësore, neutrale, të pa anshme, liberale edhe pse unë do të kisha dashur të jetë demokratike – socialiste, se kjo paraqet servis publik, i financuar nga pagat publike. Për fat të keq, kjo do të thotë se nuk do të mund të kemi shumë njërës të cilën në mënyrë profesionale do të quhen media, sepse nuk ka aq para publike t’ju japim të gjithëve rrogë.
Organizatat gazetareske esnafe theksojnë se të gjitha rregullat etike që vlejnë online, vlejnë edhe për hapësirën oflajn. Edhe për rrjetet sociale, bllogjet, portalet, TV dhe gazetat. Mirëpo, sa janë të vetëdijshëm qytetarët për të drejtat por edhe për përgjegjësitë në hapësirën publike? Nëse me çdo fjalë të publikuar, atje diku, shkaktojnë domino efekt – ndikojnë në ndonjë ngjarje ose person?
Mendoj se kuptojnë se janë përgjegjës dhe ajo që është më e tmerrshme, janë të vetëdijshëm për pasojat që mund t’i shkaktojnë. Mirëpo, nuk njoftojnë, nuk bartin mesazhe të gjithë që janë qëllimmirë. Ndoshta, mendojnë se janë qëllimmirë por ne nuk pajtohemi.
Numër i madh i këtyre, akuzave të ndërsjella momentale për atë se çfarë janë lajmet e rreme, çfarë është informata, majtas – djathtas, është ideologjikisht i ngjyrosur. Njerëzit që merren me marrëdhënie me publikun kanë kodeksin e sjelljes, rregullat e veta të sjelljes, të cilat nuk janë identike me rregullat e sjelljes së gazetarëve. Dhe tani, në këtë moment, nuk duhet tu drejtohemi gazetarëve, që të luftojnë për ndikimin mbi publikun.
Forma të caktuara të redimentuara të vetë rregullimit ka edhe në internet. Madje edhe në rrjetet sociale, nëse dikush flet diçka që është e pa pranueshme, do t’i mblidhen dhe do ta bëjnë “copa”. Trole dhe ngjashëm. Nga kjo shpëtim nuk ka. Nuk mendoj se do të lirohemi nga kjo. Do të thotë edhe në rrjetet sociale ekziston ai vetë rregullim, kur disa komunitete, qoftë dikush prej jashtë ose nga brenda, do të thotë – e këtë nuk mund ta thuash. Kjo do të shkojë në vetë rregullim. Sa do të duhet ne si shoqëri të kujdesemi t’i kemi ato standarde, varet sa ne si shoqëri mendojmë se na duhen.
Nëse ne si shoqëri mendojmë se diçka është e prishur, se diçka fondamentale nuk bën në sektorin mediatik, duhet ta zgjidhim vetë. Nëse qytetarët drejtohen te dhjetë parlamentarë dhe përsërisin – çfarë është kjo me mediat, çfarë është kjo me mediat, deputetët do të thonë – të shohim çfarë është kjo me mediat! Tani për tani, përpjekjet për vetë rregullim vështirë përballen me atë detyrë për shkaqe të qarta – shoqëria është e ndarë sipas disa linjave – politike, ideologjike, etnike…
Çfarë bëjmë me profesionalizimin, i cili deri në një shkallë, lidhet me erozionin e besimit drejt mediave? Respektivisht, të rinjtë mendojnë secili mund të bëhet gazetar dhe në shtëpi në pizhame të publikojë tekste…
Do ta citoj Lidija Polgrin nga “Hafington Post”. Ajo thotë se roli i “Hafington post”, pre supozimi se edhe lojtarët të tjerë digjital, është të informojë publikun i cili, e para, asnjëherë nuk do të paguajë për lajme. Lajme të kuptuara, në kuptimin e asaj që analistët e quajnë “hard news” – ekonomi, politikë të jashtme, luftëra etj. Kjo e para dhe si e dyta thotë – lajmet shumë, shumë nuk janë interesant për të.
E tani, nëse të rinjtë e sotëm janë të kënaqur nga ajo që e fitojnë – ky është problem i tyre. Ata do të vendosin si do të duken mediat dhe vendimi do të jetë i tyre çfarë do të mendojnë për mediat dhe çfarë do të kërkojnë nga mediat.
Ne me siguri të gjitha këto biseda i bëjmë sepse kemi parë nga “ajo koha e kaluar”. Tani e dimë, kemi pritshmëri dhe nuk jemi të gatshëm t’i tejkalojmë tonat në pajtim me atë të renë që ka ndodhur në sektor. Të kthehemi në vitin 2004 dhe të ndalim zhvillimin e WEB2.0 me çka filloi gjithë kjo dhe interaktiviteti, edhe blogjet, edhe rrjetet sociale, kjo nuk do të ndodhë, nuk e di si të të them… Shkencërisht nuk është e mundur. Përpos në fanta shkencë, por edhe kjo ëhstë fantastikë.
Shpesh në online hapësirën publike haset dozë e lartë e ofendimeve, urrejtjes, diskriminimit mbi baza të ndryshme… Por, pjesë e madhe e publikut sikur nuk beson se
mekanizmat shtetërore e identifikojnë këtë? Si ne, publiku dhe mediat, të ndihmojmë ta identifikojnë? Ose ndoshta nuk është vetëm problem gjykimi por edhe problem kulturologjik?
Koncepti i korrektësisë politike, jo çdo herë barazohet me këtë. Kufizimet ligjore për sjellje të caktuar dhe ajo që është e pa pranueshme në formë të kërcënimit, e pa pranueshme në kuptimin e shoqërisë, nuk përputhen. Mendoj se në Maqedoni shumë lehtë, pa menduar, bëjmë akuza se dikush ka përdorur fjalë të urrejtjes. Shpesh përdoret të thuhet se me idetë e dikujt nuk pajtohemi në përgjithësi. Fjala e urrejtjes është vepër e rëndë penale dhe duhet menduar.
Bëhet fjalë për çështjen e lirisë së shprehjes dhe lirinë e informimit në fund të fundit, dhe të gjitha rekomandimet ndërkombëtare sugjerojnë për vëmendje. Kërkojmë përgjegjësi, por me kujdes.
Nga ana tjetër, nga pikëpamja e sotme, gazetaria standarde quhet edhe “e vjeërruar”. Gjithçka që do të mund të kontrollohet, gjithçka të jetë e matur. Por, këtë sot nuk e duan! Jo! Nëse duan aplla të thonë, nëse mendojnë se dikush është maskara- ai është maskara! Nuk duan të thonë “ai ndonjëherë sillet më pak si maskara”. Publiku i sotëm nuk është i këtillë.
Gjatë diskutimeve vazhdimisht bëhet fjalë për kredibilitetin. “Por kredibilitetin nuk e japim”.
Gazetarët e vjetër do të duhet të rruajnë atë cilësi, të përpiqen. Kredibiliteti kështu ndërtohet. Rruhet me standarde të cilat personalisht i kanë pranuar. Problemi është se si gazetarët e tillë të mbijetojnë.
Bojan Shashevski
*******
Pjesë e bisedës me Dejan Georgievski është përfshirë në nën kastin e dytë “Fuqia e shtatë” kushtuar onlajn mediave
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.