Како течела потрагата по Хигсовиот бозон, или „Божјата честичка“ е темата на следното предавање на Скопското астрономско друштво кое ќе се одржи утре од 20 часот во амфитеатрот на ФЕИТ.
„Сите сте слушнале за протони, неутрони и електрони. Но дали сте слушнале за кваркови, лептони, бозони, глуони…? До сега најдобар модел за објаснување на светот околу нас со најмали димензии е Стандардниот модел. Тој во себе ги вклучува сите честички и заемни дејства што владејат меѓу нив. Еден дел од него е и Хигсовиот бозон, таканаречената „Божја честичка”. Како течела потрагата по фамозната „Божија честичка” и што требале најмодерната наука и технологија да направат за да ја откријат. Големиот хадронски судирач (LHC) е направен под земја помеѓу Франција и Швајцарија, Направен е со цел да ги помести нашите знаења за честичките и силите кои владејат во светот на атомите. Но дали е тој доволен да ни ги открие сите тајни?“, стои во најавата на настанот.
Влезница за предавањата чини 100 денари, освен за членовите на Скопско Астрономско Друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ за кои е 50 денари.
Повеќе за настанот може да прочитате ОВДЕ.