InSight – Беспилотното летало на НАСА безбедно слета на Марс и ја почна двегодишната мисија како прв објект дизајниран да ја истражи длабоката внатрешност на планетата.
Леталото слета синоќа на Марс по драматично седумминутно спуштање на површината на Црвената планета. Потврдата за слетувањето на сондата InSight стигна преку радио сигнали на кои му требало над 8 минути да минат од Марс до Земјата.
📸 Wish you were here! @NASAInSight sent home its first photo after #MarsLanding:
InSight’s view is a flat, smooth expanse called Elysium Planitia, but its workspace is below the surface, where it will study Mars’ deep interior. pic.twitter.com/3EU70jXQJw
— NASA (@NASA) November 26, 2018
InSight слета на Марс по половина година патување, долго 548 милиони километри, откако беше лансирано во мај од Калифорнија. Ова е осмо успешно слетување на сонда на НАСА на Марс од 1976 година.
Преносот од слетувањето во живо го вршеше Лабораторијата за млазен погон (Jet Propulsion Laboratory – JPL) во Пасадена, Калифорнија. InSight е првото вселенско летало кое се наоѓа под површината на планетата. За време на својата 2-годишна мисија тој ќе ги проучува тектонските процеси на Црвената планета.
InSight (Interior Exploration using Seismic Investigations, Geodesy and Heat Transport) е истражувачка мисија чија цел е да направи целосен систематски преглед на Марс со помош на сеизмолошки, топлински и радио инструменти и да ги испита, соодветно, кората, внатрешната обвивка и јадрото на планетата.