Младински образовен форум (МОФ) по втор пат го организира студентскиот настан на тема „Евтини студентски приказни“, која ќе се одржи денеска на Правниот факултет – Скопје (амф.3), во 13 часот.
На „Евтини студентски приказни“ ќе биде прикажан документарниот филм за студентското организирање во Македонија. Дополнително, ќе бидат презентирани повеќе можни модели за студентско организирање, со можност за нивно коментирање, дополнување, како и предлагање на нови модели од страна на публиката.
На настанот ќе се одржи и јавна дискусија на тема „Студентско организирање“, на која како панелисти ќе говорат претставник од МОФ и Џенур Исени (МПФ), а посебно место во дискусијата ќе и се даде и на самата публика, која ќе може да ги образложи нејзините ставови и мислења.