Од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање доставена е информација за надминување на прагот на информирање до Институтот за јавно здравје, Државниот инспекторат за животна средина, Град Скопје и единиците за локална самоуправа каде има епизода на алармантно загадување на воздухот со надминување на прагот на информирање.
Министерството за животна средина и просторно планирање во координација со Интерсекторската работна група за воздух во случај на надминување на прагот на информирање за РМ10 ги дава следниве препораки:
- Да се користи јавниот превоз
- Возила да не се користат без поголема потреба
- Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
- Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
- Правилно да се користат печките за дрва
Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Република Македонија ги даваат следните препораки:
Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.