Фановите на Daft Punk во последните недели постојано добиваат информации околу новиот албум на бендот, „Random Access Memories“ кој треба да излезе на 20 мај. Како што веќе беше најавено, на албумот ќе гостуваат низа познати музичари, меѓу кои и Nile Rodgers, Pharell Williams, Chilly Gonzales, Panda Bear, како и басистот Nathan East. Сепак, можеби најзвучното име кое Daft Punk го одбраа за соработка на новиот албум е легендата на диско музиката и синтисајзерските звуци – Giorgio Moroder. Ова видео кое Daft Punk го објави на новата веб-страница посветена на албумот, е прво во серијата „Соработници“, во која ќе ги видиме сите музичари кои работеле на новото издание.
Во меѓувреме, се појави и едит-верзија на насловната песна од новиот албум, „Random Access Memories“: