На 23 декември во Младинскиот културен центар ќе се одржи ТТ Фестивал, концерт посветен на Тамара Тодороска и сите останати невини жртви во сообраќајот.
“Пешачкиот премин е за слободно минување, не за смрт!”, стои во фејсбук најавата за настанот.
На концертот ќе настапат Fiction, The Planktons, ИлузијА (Accoustic), Leonard (Balkan Veliki Балкан Велики) и TV Rage (Accoustic).
Организаторите најавуваат дека сите собрани средства ќе бидат наменети за организацијата „Сина Светулка“, која се грижи за унапредување на квалитетот на животот на дечиња со аутизам.