Сигет фестивалот оваа година ни ја најавува девојката, која според списанието NME е една од најкул личностите во изминативе 3 години. Станува збор за Азилиа Бенкс, 21 годишната девојка од Харлем која направи бум на музичката сцена во 2012 година. Оваа година сите нејзини обажаватели ќе ја имаат можноста да го чујат првиот деби албум.
Азилиа уште од мали години покажува љубов кон музиката и глумата. На само 10 години настапува на неколку Бродвејски претстави во Долен Менхетен. Се стекнува со музичко образование во училиштето за уметност Ла Гвардија, а на 16 се запознава со агентот за таленти кој и овозможува епизодна улога во серијата Law and Order.
Поради големата конкуренција Азилиа решава да прекине со глума и се фокусира на пишувањето рап и R&B песни. Таа го напушта училиштето и под името Miss Bank$ во фебруари 2009-та година ја создава првата деби снимката „Gimme a chance“ на која се наоѓа и песната „Seventeen“, овој деби албум е причината поради која таа потпишува договор со издавачката куќа XL Records и почнува да работи со продуцентот Ричард Расел.
Поради несогласувањата со Ричард Расел, ја напушта XL Records истата година, и прави две годишна пауза од музичката сцена.
Во септември, под името Азилиа Бенкс, го промовира својот деби сингл „212“, најпрво како бесплатен за превземање од нејзината веб страна, а на 6-ти декември 2011 како водечки сингл од EРто 1991.
Синглот доживува мега успех на европските топ листи,а во Велика Британија го достигнува 12то место. Иако сеуште работи како самостоен артист, таа почнува да соработува со британскиот продуцент Пол Епворт. Со негова помош, при крајот на јануари, го создава синглот „Bambi“ кој е одбран да биде дел од париското модно шоу Mugler. Една недела подоцна, го најавува и нејзиниот деби албум, кој ќе го носи името Broke with expensive taste. Во 2012-та, во период од два месеци (мај и јуни) ги претставува трите синглови: „Jumanji“, „Aquababe“ и „Nathan“. Потоа во Париз, заедно со режисерот Ранкин, го снима спотот за песната „Liquorice“ прикажувајќи го за прв пат на 14-ти јуни. На 11 јули, трите синглови се најдоа на нејзината mixtape Fantasea со која успева повторно да дојде на британските листи, но за жал овојпат на многу ниско место. Нејзиниот прв деби албум беше закажан за март 2013-та година, но истиот е сеуште одложен.
На 16-ти април ќе излезе нејзиниот нов сингл „Yung Rapunxel“, а доколку сакате да ја чуете во моментов може тоа да го сторите на нејзиниот soundcloud профил.
На овогодинешниот Сигет фестивал се очекува возбудив настап на Азилиа,на гавната сцена. Доколку сакате повеќе информации, може да ги добиете на нејзината официјална страна, twitter профил или пак на facebook.
Николај Митрески