Топол чај за тие што се премрзнати, сочувана облека за оние што немаат, по некоја играчка за најмладите. Учениците од СУГС „Никола Карев“-Скопје отворија „Давална“ на Плоштадот Македонија. Наместо да седат во училница, излегоа на студот, и заедно со својата професорка, донираа и учеа за хуманоста и основните човекови вредности.