Уметникот и активист Бенкси повторно остави свој претпознатлив белег, овој пат на ѕид од гаража во малиот град Порт Талбот во Велс.
Своето ново дело Бенкси го објави и на Инстаграм, а прикажува дете кое со раширени раце и отворена уста се радува на снег.
View this post on Instagram
Но, тоа е само од едната страна на ѕидот од гаражата. Другиот дел од графитот е запален оган со чад кој создава пепел, а детето всушност мисли дека е „снег“.
Муралот на Бенкси симболично е направен во близина на индустриска зона.