Во рамките на настанот за развој на мобилни апликации, „ecaHack Skopje 2013“, на 13 април на универзитетот ФОН ќе се одржи панел-дискусија на тема „Промовирање на социјален и економски развој со отворени податоци (open data)“ .
Учесници на панелот се Иво Ивановски (Министер за Информатичко Општество и Администрација); Кристофер Ивон (Амбасадор на Велика Британија) и Денис Бошковски (Светска Банка Македонија).
Отворените владини податоци (open data) се значаен владин ресурс за промовирање на претприемништво, иновации, научни откритија и јавни сервиси. Македонија го започна процесот на приклучување кон Партнерството за отворена влада (ПОВ) во 2011 година. Стратешкиот акционен план на владата се очекува да даде видливо подобрување во животот на граѓаните. Крајната цел е создавање на инфраструктура од јавни податоци кои ќе бидат искористени од страна на млади претприемачи за креирање на нови идеи и развивање на иновативни бизниси.
Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат на панелот треба да се пријават на yes@yes.org.mk со назнака „пријава за панел отворени податоци“. Местата за панелот се ограничени!