Возачите и минувачите утрово забележаа дека ги нема шаторите, масите, столчињата и транспарентите спроти Собранието на Република Македонија, каде изминативе месеци протестираше движењето „Бојкотирам“, а потоа кампуваше и „Македонија блокира“.
Движењето го блокираше сообраќајот во центарот на Скопје и бараа оставка од Владата и зачувување на уставното име.