Во Скопје во „Марака“ вечер е најавена свирка со неколку бендови наречена „Предоноводишно рокање“.
Ќе свират составите „Флукс“, „Културно Уметнички Работници“, „Илузија“ и „Ноу нејм нејшн“.
„Да ја завршиме годината како што доликува“, пишуваат организаторите на настанот.
Настанот ќе започне од 21 часот, а влезот е 300 денари.