Во недела (14 април) со почеток во 13 часот, во галерискиот простор на хала 1 на Скопски саем (терасата каде што обично е ВИП просторот за концерти) ќе се одржи „Poetry Slam“ , за време на 25-от Саем на книга (од 9-ти до 15-ти април). Водителка ќе биде Елена Пренџова.
Станува збор за поетски/прозен натпревар во живо на кој поетите и писателите имаат можност во 5 минути, без дополнителни средства и реквизити, туку само со своите дела и настап да ја освојат присутната публика.
Гледачите се тие кои ги оценуваат делата на авторите со тоа што им доделуваат од 0 до 10 бода. Кој ќе “собере” најмногу бодови од гледачите, победува на овој „Poetry Slam“.
Сите заинтересирани и за пријавување за настап, повеќе информации можат да добијат на следниов линк.