„Опиум филм“ продукција на својот Јутјуб канал го објави трејлерот за претстојниот документарен филм „Устав на новата ера: Човек балансер на воздушниот и водениот свет”.
Документарецот е во режија на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов, а е работен со ко-продукција на ПИК Продукција и Bunker Film+ од Албанија.
Филмот е за пензионираниот полицаец Војо, кој што е иноватор на 8 иновации од енергетиката и екологијата, а последниве 15 години работи со огромна љубов и посветеност на неговиот најголем проект, кој ќе помогне против аерозагадувањето во земјата.
Музиката е на Александар Томевски, а звучниот дизајн на Слободан Трајкоски.