Baby Rave по вторпат во Скопје на 17 февруари

Во недела (17 февруари) во МКЦ Клуб и Ресторан по вторпат ќе се одржи Baby Rave.

Журката за бебиња и деца до 6 години, во придружба на возрасните, ќе започне во 12, а ќе трае до 15 часот.

„Сред сивата и тмурна зима, Baby Rave е одлична можност да се забавувате со своите најмали во разиграна клубска атмосфера и заедно да уживате танцувајќи на електронска музика прилагодена за бебиња и деца. Придружете ни се на подиумот обоен со разнобојни светла и декорации. За уморните рејвери обезбеден е чил оут простор за одмор“, се вели во најавата за настанот.

Билетите по цена од 100 МКД се наменети за возрасните, а влезот за бебиња и деца до 6 години е слободен. Билетите можат да се купат онлајн преку платформата www.kupikartizase.com или да се резервираат на babyraveSK@gmail.com.

Важни информации за Baby Rave журката:

  • Секое дете треба да биде придружувано од возрасен
  • Возрасните се одговорни за своите деца
  • На подиумот децата и возрасните танцуваат заедно
  • Групи сочинети само од возрасни лица не можат да присуствуваат
  • Јачината на музиката ќе биде прилагодена и потивка од вообичаените забави
  • Очекувајте разнобојни светла
  • Капацитетите за седење со ограничени
  • Колички за бебиња се добредојдени

Првата ваква забава се одржа во мај минатата година.