Конект во соработка со „Македонската мрежа на Глобалниот договор на ОН” отвора јавен повик за награди на компании и поединци од компании кои вложуваат во практиките за општествена одговорност и заедницата, а со тоа придонесуваат кон исполнување на најмалку една цел од вкупно 17 Цели за одржлив развој.
Наградите за предводници на Целите за одржлив развој ќе се доделуваат во 3 категории и тоа:
- Поединци вработени во компании кои преку својата работа во компанијата иницирале програма или промена која води до реализација на било која од Целите за одржлив развој;
- Компании коишто се предводници во одржливиот развој, се стратешки определени да креираат одржлив бизнис и преку своја конкретна платформа или иницијатива придонесуваат кон реализирање на една или повеќе цели од Целите за одржлив развој;
- Млади бизнис лидери од компании на возраст до 35 години кои преку своето работење ги промовираат Целите за одржлив развој и придонесуваат кон нивно реализирање.
Пријавувањето е електронски со поднесување апликација. Превземете ги апликациите на следниве линкови:
Апликација за поединец од компанија
Повикот е продолжен и отворен до 11-ти февруари 2019г.
На следниве линкови можете да ги преземете прашањата од апликациите кои ќе ви послужат за подготовка на одговорите. Напомена: Аплицирањето е електронско на линковите погоре или по електронска пошта на konekt@konekt.org.mk и zojat@konekt.org.mk доколку имате проблем при електронската апликација.
Селекција на пријавените и најдобрите во 3-те категории во зависност од квалитетот ќе бидат наградени и промовирани од страна на Конект. Комисијата го задржува правото да додели помалку или повеќе од 10 награди во трите категории.
По изборот, наградените ќе бидат известени и поканети на гала церемонија, каде ќе им бидат доделени наградите и ќе можат да ги споделат своите инспиративни примери со претставници на бизнис секторот и другите чинители. Конект ќе се грижи за промовирање на наградените и ќе ги поддржи во идни активности кои ќе придонесат кон Целите за одржлив развој.
Оваа година за прв пат ќе се доделуваат награди од ваков тип наменети за поединци вработени во компании и компании кои се предводници на Целите за одржлив развој во земјава.
Повикот е објавен во рамки на проектот „Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект, АГОРА и мрежата на Глобалниот договор од Бугарија.