На 20.02.2019, со почеток во 19:00, во холот на средното училиште СУГС Гимназија “Орце Николов” ќе се одржи “Презентација на решенијата: GenUnlimited – Младински предизвик“ .
Младинскиот предизвик има за цел да ја ослободи креативноста и идеите на младите луѓе низ светот. Еден инклузивен дизајнерски процес кој ги повикува младите активно да се вклучат како “решавачи” и да дизајнираат решенија за да го прекинеме насилството врз и помеѓу децата.
Во Ноември 2018 се одржа тридневната работилница за ко-креирање кадешто 10 тимови во првиот круг дизајнираа решенија со цел да ги освојат најдобрите 5 места и наградата од 1000 долари почетна инвестиција за развој на идејата и менторска поддршка во период од 3 месеци.
По фазата на менторска поддршка на 5те избрани тима следниот чекор во авантурата е одбирањето на две идеи коишто ќе бидат поднесени во глобалниот избирачки процес!
По тој повод, УНИЦЕФ и СмартАп – Лабораторија за социјални иновации ги покануваат сите млади од 14 до 24 години да бидат дел од презентацијата на 5те иновативни решенија на темата: “Како можеме да ставиме #КрајНаНасилството врз и помеѓу децата?”!
Процесот на евалуација ќе ги идентификува младите иноватори со најголем потенцијал да создадат проекти коишто ќе го трансформираат општеството; млади коишто имаат најголема страст и мотивација да учат и да се адаптираат на потешкотиите со коишто секојдневно се среќаваат.
Публиката на настанот ќе ја има можноста индивидуално да гласа за решението во коешто верува дека има најголем потенцијал и со тоа ќе учествува во финалната оценка со 25% учество.
Со цел фер, објективна и непристрасна селекција, учесниците во публиката ќе бидат избрани по случаен избор, овозможен од интернет услугата https://www.random.org/. Затоа, задолжително е сите оние коишто се заинтересирани да аплицираат на http://skrati.mk/GenUnlimited најдоцна до 15.02.
Погледнете го официјалниот Фејсбук настан на: https://www.facebook.com/events/387497725144557/
Аплицирајте на: skrati.mk/GenUnlimited
Прочитајте за авантурата до сега на: http://skrati.mk/GenUBlog