Зои Бонет, 14, е една од многуте тинејџери кои протестираат против климатските промени изминативе месеци. Речиси 70.000 ученици учествуваат на протести во 270 градови низ целиот свет.
Тие во петок повторно ќе излезат на ткн. штрајк против недостигот на акција за справување со климатските промени.
Протестите започнаа со Грета Тунберг, средношколка од Шведска, која цел месец самостојно протестираше пред Парламентот.
Зои напиша отворено писмо до својата класна раководителка во кое објаснува зошто во петок ќе протестира.
„Драга класна раководителке,
Ве контактирам за да ви соопштам зошто јас ќе штрајкувам овој петок.
Како што можеби знаете, овој петок, стотици млади луѓе ќе излезат на улиците за да го изразат својот револт за климатската криза и да бараат промена.
Јас ќе бидам една од нив и јас го координирав штрајкот во Бристол.
Јас верувам дека далеку од доволно е направено за справување со итниот случај со која се соочуваме и потребна е системска промена. Климатската криза треба да биде на врвот на сечија агенда, особено на владата, бидејќи е најголемата закана со која се соочува човештвото денес.
Во есен минатата година, извештајот на меѓувладиниот панел за климатски промени покажа дека имаме само дванаесет години за да ја трансформираме глобалната економија за да го задржиме затоплувањето на границата од 1,5 степени Целзиусови, бидејќи и половина степен значително ќе ги влоши ризиците од суша, поплави, екстремна топлина и сиромаштија за стотици милиони луѓе. Затоа треба да дејствуваме сега!
Важно е да знаете дека штрајкот за клима не е нешто што е лесно за мене.
Уживам во школувањето и сум свесна дека моето постигнување и присуство на училиште може масовно да влијае на мојата иднина.
Сепак, мислам дека е доволно важно за да се оправда отсуството на еден или два дена од школо, да направам се од себе за да ја подигнам свеста за ова прашање.
Конечно, тука се четирите обединети барања што младите штрајкувачи сакаат владата да ги слушне и да дејствува по нив:
1. Владата да прогласи итна состојба за климата и да даде приоритет на заштитата на животот на Земјата, преземајќи активни чекори за постигнување на климатска правда.
2. Националната наставна програма да се направи за решавање на еколошката криза како образовен приоритет.
3. Владата да ја информира пошироката јавност за сериозноста на еколошката криза и потребата да се дејствува сега.
4. Владата да признае дека младите луѓе имаат најголем удел во нашата иднина, преку инкорпорирање на ставовите на младите во креирањето на политиките и да ја намали границата за гласање до 16 години.
Ви благодариме што го прочитавте ова писмо. Се надевам дека ќе ги разберете причините зошто штрајкувам.
Со почит,
Зои Бонет“, се вели во отвореното писмо.