Вечерва во Театар „Сенки и Облаци” ќе се игра детската претстава Малиот принц.
Претставата е наменета за деца над 6 години и е во траење од 40 минути.
„Колку ли планети постојат околу нас? На кои од нив стапнал Малиот Принц? Кого ли уште не сретнал и што ли уште сака да види? Очите се слепи, треба да се бара со срцето… “, порачуваат од „Сенки и облаци“.
Почетокот на претставата е најавен во 19 часот.