Изминатиот месец медиумите известуваа за десетици случаи каде во државни институции се вработувани блиски членови на семејствата на пратеници, градоначалници, министри.
Што е муабетот со последната епидемија на непотизам во земјава? Кога има судир на интереси, а кога вработувањата се согласно Уставот и законите?
Одговор побаравме од професорот Драган Гоцевски, од Правниот факултет во Скопје.
Четвртиот подкаст „Што е муабетот со…“ го посветуваме на непотизмот и државната работа.